Spotify започна со тестирање на видео курсеви кои ќе им бидат достапни на корисниците во Обединетото Кралство. Со ова сервисот доста сериозно ја проширува својата содржина, која сега нуди доста повеќе од слушање на музика.

Од компанијата истакнуваат дека идејата да понудат видео курсеви, нешто што не делува веднаш баш јасно зошто, е поради големиот број на корисници кои слушаат поткасти и аудио книги со цел да научат нешто.

Видео курсевите се поделени во неколку теми за почеток, односно понудата не може да се спореди со сервисите кои се специјализирани за ваква содржина. Корисниците ќе можат да гледаат курсеви од областа на создавање музика, станување креативен, учење бизнис и здраво живеење.

Spotify курсевите ќе ги овозможи од нивните партнери кои во оваа фаза се BBC Maestro, PLAYvirtuoso, Skillshare и Thinkific Labs.

Корисниците, без разлика дали плаќаат за Spotify или не, ќе можат да ги гледаат првите две лекции од курсот, по што ќе можат да го купат целиот. Купувањето ќе се прави преку веб страната на компанијата, а во главно поради избегнувањето на високите проценти кои Apple и Google ги зимаат од компаниите.

Зависно од тоа како ќе помине овој тест во Обединетото Кралство, ќе зависи дали видео курсевите ќе им станат достапни на корисниците во други земји во иднина.

ИЗВОРSpotify
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаBaidu изгледа ќе биде партнерот на Apple за новите функции со вештачка интелигенција кај iOS 18 и macOS 15
Следна статијаSamsung Galaxy Tab S6 Lite (2024): Стил и функција во компактно пакување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.