Фото: Shutterstock.com

Apple ќе го претстави iOS 18, како и другите системи, на WWDC 2024 во јуни како и секогаш, а за оваа верзија од iOS веќе се најавуваат доволно големи промени за да биде наречена најголемата надградба на системот досега.

Иако има најави за промена на корисничкиот интерфејс, сепак во голем дел овие најави се однесуваат на очекувањата за претставување на доста нови функции со генеративна вештачка интелигенција.

Сега, според Марк Гурман, Apple изгледа се во преговори за користење на Gemini, јазичниот модел од Google зад истоимениот „четбот“. Наводно компаниите се во преговори, па се’ уште не е познато дали ќе се договорат за соработка.

Доколку се договорат, Gemini би требало да помогне во функциите во iOS 18 кои не се замислени да функционираат локално. Се верува дека Apple во голем дел развива големи јазични модели кои можат да функционираат од самиот уред без потреба од поврзување со „облакот“, односно серверите на компанијата.

Според информациите, Apple се’ уште немаат стигнато доволно напред во развојот на сопствените јазични модели, па мора да направат некое вакво решение ако сакаат оваа година да се приклучат на трендот.

Gemini од Google исто така стои зад Galaxy AI, односно вештачката интелигенција кај новите Galaxy S24 уреди, па веќе имаме претстава што може да се очекува, барем во одреден дел.

Има уште неколку месеци до WWDC, па во меѓувреме ќе видиме какви дополнителни информации ќе излезат.

Претходна статијаИзбрани најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година
Следна статијаКако до фриленсинг во областа на финансиите? – Ново издание на „Од почетник до успешен фриленсер“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.