Бил Гејтс веќе неколку години им препорачува на читателите на неговиот блог, книги коишто тој ги има прочитано, а смета дека сите треба да ги прочитаат. Се работи за книги кои на него имаат оставено впечаток, а со оглед на фактот дека се работи за еден од најпознатите и најбогатите луѓе во светот, неговите совети се сфаќаат сериозно.

„Читањето е мојот омилен начин да и се препуштам на мојата љубопитност. Иако имав среќа да се запознам со многу интересни луѓе и да посетам фасцинантни места преку мојата работа, се’ уште мислам дека книгите се најдобриот начин за истражување на нови теми коишто ве интересираат“.

Петте книги коишто Гејтс ги има прочитано оваа година, а смета дека тоа треба да го направиме и ние се следните:

  1. The Best We Could Do, од Thi Bui
  2. Evicted: Poverty and Profit in the American City, од Matthew Desmond
  3. Believe Me: A Memoir of Love, Death, and Jazz Chickens, од Eddie Izzard
  4. The Sympathizer, од Viet Thanh Nguyen
  5. Energy and Civilization: A History, од Vaclav Smil

Доколку не ви се чита за тоа што има да каже Гејтс, можете да го погледнете и видеото во продолжение во кое тој ги претставува и на кратко опишува избраните книги во листата.

Извор: GatesNotes преку GeekWire

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.