Денес, скоро секој смартфон од 2017 е опремен со читач за отпечатоци на прсти, кој до овој момент се покажа како најбезбеден и најлесен начин за отклучување, без да има потреба да впишуваме дополнителни лозинки.

Сепак, компаниите истражуваат нови начини на најавување, кои ќе бидат побезбедни и би требало да бидат и полесни, како на пример скенерот за лице кај новиот iPhone X. Samsung пак работи на целосно различна технологија – вчитување на целата дланка.

Но, оваа технологија не функционира како што замислувате, односно не ја вчитува дланката. Напротив, овој тип на технологија ќе биде помошен, односно уште поголема заштита во однос на читачот за отпечатоци на прсти. Поточно, кога камерата на смартфонот ќе ја насочите кон дланката, тој ќе ја покаже лозинката со која треба да влезете во телефонот и нормално, ќе функционира само на вашата рака. Исто така, кога ќе го држите телефонот, тој би можел да вибрира на местото каде треба да притиснете кога ја впишувате лозинката (на пример горе десно за 3-ка).

Според ова, дланката кај Samsung не би се користела секојдневно, односно нема да биде целосна замена за читачот на отпечатоци на прсти, но би можела да се користи во ситуации кога сакате да бидете подобро заштитени, како на пример при плаќање.

Сепак, ова не значи дека Samsung и воопшто ќе ја имплементира оваа технологија во некој од идните смартфони – засега таа е само патент и нема најава дека ќе пристигне на пазарот.

Извор: The Next Web, Engadget, ZDNet

Претходна статијаПет книги кои Бил Гејтс ги прочитал оваа година и ги препорачува за читање
Следна статијаXiaomi ги покажа Redmi 5 и Redmi 5 Pro, и двата со 18:9 екрани и мала рамка