Приватноста на корисниците е предмет на продажба и следење, а тоа веќе ни е станато и нормално. Властите следат се што можат поради борба со криминалот и тероризмот, барем најчесто, а другите компании го прават истото поради учење на навиките на корисниците со цел продажба на подобро персонализирани реклами.

Како и да е, голем број на апликации коишто може да се инсталираат на Android собираат одредени информации, како што се телефонскиот број или имејл адресата на корисникот, но за тоа тие не го известуваат, нити некаде го истакнуваат.

Од Google преку проширување на правилата во Unwanted Software Policy, ќе започнат со истакнување на апликациите кои користат одредени приватни информации од корисникот, меѓутоа за тоа не го известуваат. Програмерите дополнително ќе треба да состават посебни Политики за приватност за нивните апликации каде ќе бидат истакнати сите вакви активности од нивната апликација.

Истакнувањето на апликациите ќе се прави преку Play Store, поточно системот за проверка на апликациите Play Protect, а исто така ќе бидат истакнувани и веб страни на коишто има вакви апликации во самите резултати од пребарување преку Google.

Интересно е што минатата недела можевме да прочитаме дека и самите Google не се придржуваат баш до правилата коишто тие ќе ги бараат од програмерите на апликации, меѓутоа останува да им веруваме дека тоа веќе „нема да го прават“.

Извор: Google, Engadget

Претходна статијаApple Watch сега може да се користи за откривање нерегуларности во отчукување на срцето
Следна статијаПет книги кои Бил Гејтс ги прочитал оваа година и ги препорачува за читање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.