Повеќе од јасно е дека совети треба да се примаат од успешните луѓе. Доколку Ворен Бафет и Бил Гејтс според вашата перцепција се сметаат за успешни, тогаш продолжете да читате и дознајте околку која работа се сложни овие двајца милијардери.

Паметните и успешни луѓе често се препознаваат меѓусебно, бидејќи веројатно функционираат на истата бранова должина. Ним не им е потребно многу за да пронајдат заедничка тема на разговор. Па така, за време на првата средба на претходно споменатите великани на денешницата, уште далечната 1991-ва година, младиот Бил Гејтс го запрашал искусниот Ворен Бафет, која книга посветена на бизнисот најрадо ја препорачува. Иако Бафет го очекувал прашањето и одговорот му го дал веднаш, светот почека 23 години за Бил Гејтс да ја открие големата тајна за бизнис-литературата на американскиот магнат.

Легендарната книга е насловена „Бизнис авантури“(“Business Adventures”) напишана од авторот Џон Брукс. Во книгата се опишани 12 уникатни бизнис авантури, приказни за 12 компании кои навистина се имаат одиграно во „џунглата„ на њујоршката берза, улицата „Wall Street“. Авторот, Џон Брукс, го искористил своето искуство како автор за магазинот „New Yorker“, за да ги извлече 12-те најневеројатни и поучни приказни и ги преточи во неверојатна книга.

Интересно да се напомене, е дека оваа книга разработува бизниси од времето кога била издадена, а тоа е далечната 1969-та година. Навистина е тешко да се повлече паралела помеѓу бизнисот тогаш и денес. Па така и самиот Гејтс ќе забележи:

-„Во 1966, годината кога Брукс ја профилира компанијата „Xerox“, нивниот најдобар производ бил модел на копир кој тежел речиси 300 килограми, чинел неверојатни 27 500 американски долари, имал потреба од обучен персонал за да ракува со него и доаѓал во комплет со апарат за гаснење пожар, поради големата шанса да прегрее. Навистина многу е сменето од тогаш“, вели Гејтс.

Меѓутоа, постои нешто што никогаш нема да се смени, а тоа е навистина прецизно опишано во книгата. Тоа се луѓето. Од тие причини оваа книга успева да ги задиви големците како Гејтс и Бафет, бидејќи ја оцртува човечката страна на бизнисот и луѓето во него како главни и единствени креатори.

Извор: Inc.com

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.