Веќе подолго време најавуваме дека наредната револуција во дизајнот на смартфоните е можноста да можат да се свиткаат или преклопат заедно со дисплејот и многу информации алудираа на тоа дека таквите модели ќе ги видиме уште оваа година. Сепак, ваквата технологија се чини се’ уште не е спремна и смартфоните со свитлив дисплеј ќе пристигнат дури во 2019 година.

Останатите работи веројатно нема да се сменат – првиот производител на ваков смартфон ќе биде Samsung, чија придружна компанија Samsung Display е најголемиот иноватор во делот на екраните за паметните телефони. Сепак, дури и покрај тоа што се број еден, оваа технологија се’ уште не е доволно напредната за да може да стигне до рацете на широките маси.

Причината за тоа зошто овие смартфони се’ уште не се спремни за пазарот, не е само дека технологијата не е доволно напредна. Според Ким Тае-Вонг, инженер од Samsung Display, смартфоните со мала рамка околу дисплејот во моментов се продаваат многу добро, што остава простор уредите со свитлив дисплеј подобро да се развијат.

Ова е многу логично – Samsung најмалку би сакал да има неиспитан уред на пазарот, кој би можел да доживее фијаско како Galaxy Note 7. Затоа, тие ќе поминат уште една година плус во развој на овој телефон, со цел да се осигураат дека дисплејот ќе функционира во сите зададени параметри.

Извор: Android Central, The Verge, PC Magazine

 

Претходна статијаЗапознајте ја Lyra, паметен, но и понатаму велосипед во вистинска смисла на зборот
Следна статијаКоја книга ја препорачуваат Бил Гејтс и Ворен Бафет