После 16 години на чело на Google, односно подоцна на Alphabet, Ерик Шмит ќе се повлече од својата извршна позиција и ќе остане во компанијата како обичен член на одборот на директори. Исто така тој ќе продолжи, како што е случајот со повеќето директори, да извршува и советодавна функција во компанијата, пренесувајќи го со тоа своето долгогодишно искуство.

Инаку Ерик Шмит изминатите години ја извршува функцијата Извршен Претседател на Одборот на Директори на Alphabet.

За потсетување, Alphabet е компанија која беше формирана од страна на Google за подобро менаџирање на огромниот број на проекти и технологии кои се развиваа и развиваат во оваа компанија. Со формирањето на компанијата „мајка“, Google продолжи да работи на својот главен бизнис, додека другите проекти беа издвоени во посебни компании, под капата на Alphabet.

Ерик Шмит е во Google од 2001 година кога основачите на компанијата решија дека им е потребен поискусен извршен директор за тие да може да се сконцентрираат на тоа што знаат да го прават најдобро. Со тоа на Google му се даде водство кое има искуство и знае како да го извршува бизнис делот од работата.

Функцијата на Ерик Шмит официјално ќе заврши во јануари 2018, поточно на одборот на директори.

Извор: Alphabet, VB

Претходна статијаМАСИТ ја обедини ИКТ заедницата во хуманитарен проект: Донација вредна милион насмевки
Следна статијаiPhone X со речиси максимален рејтинг во он-лајн испитување на корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.