Strategy Analytics објави извештај од испитувањето на првите корисници на новиот iPhone X. Испитувањето е базирано на он-лајн прашалник кој го пополнувале корисници на веб-сајтови на лиценцирани дилери на производите на Apple. „Знаменосецот“ на Apple освоил неверојатни 4,64 од можни 5 ѕвезди. За ваквиот рејтинг кај корисниците наведени се 3 конкретни работи според кои овој модел отскокнува од конкуренцијата.

Корисниците се највоодушевени од Face ID и Animoji. Ова може да се оцени како успешен маркетиншки трик на Apple, кој со практично бескорисни алатки успеа да ја освои публиката. Во секој случај, корисниците се воодушевени од новите безбедносни мерки кои ги нуди Face ID.

Очекувано, практично најважните елементи дојдоа на второ место. OLED екранот и квалитетот на батеријата наидоа на позитивни критики кај 80% од испитаниците. Меѓу другите клучни хардверски подобрувања се споменува квалитетот на камерата.

На трето место во извештајот се споменува базата на лојални корисници. Она за што мора да му се оддаде почит на Apple е нивната извонредна комуникација со своите корисници. Популарно е мислењето дека секој што еднаш пробал производ на Apple, тешко дека ќе посегне по некој друг бренд во иднина.

За очекување се позитивните реакции на купувачите бидејќи овој модел на паметен телефон навистина го нуди она што ниту еден друг не го може. Првиот јубилеј на iPhone крена огромна медиумска прашина и буквално ги засени другите производители. Прашање е до кога X-от ќе го држи приматот на најдобриот мобилен телефон?

Извори: 9to5Mac, StrategyAnalytics

Претходна статијаЕрик Шмит ја напушта извршната позиција во Alphabet
Следна статијаНаскоро ќе може да се купи стан во Дубаи… со биткоин
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments