USB Promoters Group е организација во која членуваат повеќе компании, меѓу кои и Apple, Microsoft, Intel, HP и други. Оваа организација е задолжена за поставување на стандардите за функционирање на USB и истата го најавија USB4 стандардот.

Овој нов стандард нема да биде официјализиран подоцна оваа година, што значи дека сепак уредите кои ќе работат на стандардот ќе ги видиме помасовно дури идната година.

Она што треба веднаш да биде јасно за новиот стандард е дека тој ќе работи со USB Type-C портите и каблите, односно нема веќе враќање назад кон старите технологии.

USB4 е направен на основа и во соработка со Intel кои решија да го отворат својот познат Thunderbolt 3 стандард којшто е познат по многу поголемата брзина на трансфер на податоци.

Со оваа промена, USB4 ќе добие дупло поголема брзина за проток на податоци, односно до 40 Gbps, но се истакнува дека корисниците ќе мора да користат соодветен кабел којшто ќе ја поддржува оваа брзина.

Новиот стандард, покрај тоа што ќе биде компатибилен со постарите, ќе биде и компатибилен со Thunderbolt 3 и се очекува многу поголема масовност на користење, како од производителите, така и од корисниците.

Повеќе детали околу новиот стандард можете да прочитате на официјалното соопштение од USB Promoter Group на овој линк.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаКУГАР ТАУН: Зошто треба да се изгледа одлична ситком серија со Кортни Кокс во главната улога
Следна статијаTwttr е нова апликација од Twitter преку која ќе се тестираат промени во друштвената мрежа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.