Хумористичната серија Кугар Таун со популарната актерка Кортни Кокс (Пријатели) доаѓа на Pickbox! Од создавачот на хумористични серии, како што е урнебесната Стажисти (Scrubs), Бил Лоренс, ни доаѓаат сите шест сезони на Кугар Таун.

Духовитата и топла хумористична серија Кугар Таун во својата суштина е серија за едни пријатели кои имаат одлични и откачени односи, но пред сѐ, добри намери. Тие претежно се занимаваат со пиење црно вино и со играње на играта што самите ја смислиле, наречена „Пени Кен“.

КОРТНИ КОКС ВО ГЛАВНАТА УЛОГА

Дејството се одвива во измислениот град Галфхејвен на Флорида, наречен и Кугар Таун. Главниот лик е Џулс Коб (Кортни Кокс), неодамна разведена жена на четириесет и кусур години, чијшто духовит живот го следиме низ новите предизвици со коишто се соочува. Тука се и нејзиниот син, тинејџерот Тревис (Ден Бирд), нејзиниот поранешен сопруг Боби (Брајан ван Холт), најдобрата пријателка Ели (Криста Милер, Стажисти) и нејзината најголема љубов – црното вино. Друштвото на Џулс, во кое се и нејзината симпатична асистентка Лори (Бизи Филипс), како и Џош Хопкинс, сопственикот на пабот Грејсон Елис, можеби е дисфункционално, но истовремено е грижливо и верно. Најважно од сѐ е што сите нив ги поврзува исклучително пријателство.

COUGAR TOWN – “All of Nothin'” – “Cougar Town” airs on TBS on TUESDAYS from 9:00-9:30 p.m., ET. (ABC STUDIOS/Darren Michaels) JOSH HOPKINS, COURTENEY COX

ЉУБОВ КОН ЦРНОТО ВИНО

Една од главните и постојани теми на овој ситком е љубовта кон црното вино што целото друштво на Џулс го пие во хектолитри, а особено Џулс. Па така, секоја сезона можете да очекувате сѐ поголеми чаши од кои се пие вино. На пример, Џулс прво пие од претерано голема чаша наречена „Големиот Џо“, која потоа ја заменува со „Големиот Карл“ – што всушност е дел од ламба. Подоцна се префрла на „Големиот Лу“, односно на вазна.

ПОТРАГА ПО ЉУБОВ

Како и секоја вистинска приказна, Кугар Таун претставува приказна за потрагата по вистинска љубов. Кортни Кокс, како жена на четириесет и кусур години, која се обидува повторно да најде љубов, добива нова шанса во светот на комедијата. Откако ги поминала дваесеттите и триесеттите години во брак, одгледувајќи го својот син, сега повторно се наоѓа во светот на љубовните состаноци и барањето партнер – што не е баш лесна задача, но секако е извор на различни откачени и духовити ситуации.

Сите шест сезони на одличната хумористична серија Кугар Таун гледајте ги веднаш на Pickbox.

Претходна статијаБританска банка тестира дебитни картички со вграден сензор за отпечатоци на прсти
Следна статијаUSB4 доаѓа со многу поголема брзина и компатибилност со Thunderbolt 3