Новата мини серија која на 23 февруари доаѓа на стриминг сервисот Pickbox NOW заснована на класиката на кралицата на криминалистичките романи – Агата Кристи: Да се убива е лесно низ три епизоди ја следи приказната за нигерискиот аташе кој се впушта во решавање на мистериите зад низата морничави сериски убиства.

Во текот на патувањето со воз до Лондон, Лук Фицвилијам навидум случајно се среќава со мистериозната госпоѓица Пинкертон. Нејзините приказни за мистериозните убиства во мирното и живописно село Вичвуд длабоко ќе го заинтригираат и го водат на трагата на неверојатни откритија. Додека се обидува да се соочи со мрачните тајни и да го спречи продолжувањето на злосторствата, Фицвилијам сфаќа дека не е сè онака како што изгледа.

Современи теми во класична британска детективска интрига

Снимана на бројни локации во Шкотска, приказната се развива откривајќи интриги и неочекувани заплети. Ликовите кои се појавуваат се свештеник, доктор и сопственик на замок, а со класичните британски детективски елементи, серијата се осврнува на феминизмот, разликите во расите и класите. Се прикажува и класната војна кога соседното село во коешто живеат сиромашни луѓе ќе почне да врие од огорченост поради арогантното однесување на богатите.

Агата Кристи, британската писателка наречена кралица на криминалистичките романи, позната е по интригантните и неочекувани заплети. Оригиналниот роман е напишан во 1939 година, првата филмска адаптација настанала во 1982 година, а според зборовите на реномираниот весник Гардијан, изданието од 2023 година носи „свеж поглед на оваа класична приказна“.

Ѕвездена актерска постава

Во серијата „Агата Кристи: Да се убива е лесно“, со Дејвид Џонсон во главната улога на Лук Фицвилијам, нè очекува фасцинантна комбинација на внимателна кинематографија, извонреден дизајн на костимите и изведби на некои од најдобрите британски актери – Пенелопе Вилтон, ѕвезда на серијата „Даунтонска опатија“, Даглас Хеншал, главниот актер во серијата „Шетланд“, Шинејд Метјус од филмот „Гордост и предрасуда“ и многу други.

Новиот неочекуван случај на кралицата на криминалистички романи „Агата Кристи: Да се убива е лесно“ е искуство коешто ќе ги држи гледачите во неизвесност до самиот крај. Сите епизоди се достапни на Pickbox NOW од 23 февруари.

Претходна статијаОпштествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува и во Општина Битола
Следна статијаНовата „Android Safe Browsing“ алатка ќе ги известува корисниците за безбедносни закани