Корисниците на Android во периодот што следи можат да очекуваат нова алатка на нивните телефони која ќе треба да им овозможи побезбедно користење на истите. Оваа алатка, која Google ја пушта без потреба од надградба на софтверот, е наречена Android Safe Browsing.

Како што може да се заклучи од самото име, алатката е поврзана со веб страните кои корисниците ги отвораат, а истата посебно треба да овозможи додатна заштита при отворањето на линкови преку апликациите.

Како пример кој е даден на новиот дел во Settings се истакнува проверката на линкот кој корисникот го има притиснато преку неговата апликација за новости. Доколку линкот води до страна која може да е „фишинг“ страна, корисникот ќе биде известен.

Користа од новата алатка може да се каже дека се гледа во поддршката за апликациите, односно можноста за програмерите да се поврзат на истата преку API алатката. Со оглед на тоа што Chrome веќе ги проверува веб страните кои се отвораат, Android Safe Browsing додава уште еден слој на заштита пред воопшто страната да биде отворена.

Дали Android Safe Browsing е веќе достапна на телефонот може да се провери во Settings > Security & Privacy кај Samsung телефоните, а се очекува достапност кај сите Android телефони.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статија„Агата Кристи – Да се убива е лесно“: Нова интригантна британска мини серија на Pickbox NOW
Следна статијаChatGPT добива „меморија“ за да ги запамети карактеристичните информации за корисникот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.