A photo of the Intel 8086k processor packaging( Credit: Intel Corporation)

Оваа недела Intel „слави“ 40 години од првиот x86 процесор, односно процесор направен во технологија која се употребува понатаму во компјутерите. Оригиналниот 8086 процесор од Intel бил претставен на 8-ми јуни 1978 година и како што истакнуваат тоа бил првиот 16-битен процесор и првиот процесор компатибилен со модерните персонални компјутери.

Процесорот којшто го претставија од Intel на годинешниот Computex настан е со ограничена достапност, односно Limited Edition. Процесорот е од осмата генерација и од i7 серијата, па ја носи ознаката Intel Core i7-8086K.

Овој процесор од Intel е првиот процесор од Intel којшто може да работи до 5.0 GHz на едно јадро во турбо режим на работа. Од компанијата истакнуваат дека поголемите перформанси на едно јадро овозможуваат многу подобро искористување на процесорот за игри, како и за одредени апликации за креирање на содржина, како на пример работа со видео содржина.

Intel Core i7-8086K исто така треба да се истакне дека е целосно отклучен за overclocking, па корисниците може да се замисли само што би можеле да направат со еден ваков процесор.

Поради годишнината, Intel планира да додели 8.806 вакви процесори преку нивната страна, во рок од 24 часа почнувајќи од утре, односно од 7-ми јуни. За жал, нашата земја не е во листата на подржани земји, па како што би очекувале, не може да учествуваме во шансата да го добиеме овој процесор.

ИЗВОР 2Intel
Претходна статијаROG Phone од Asus е Android смартфон направен за гејминг со 8 GB RAM и 512 GB простор за податоци
Следна статијаAsus ZenBook Pro 15 е лаптоп со екран на допир на местото на touchpad-от
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.