fightscene-728x419-1449803224

Развивачката платформа Unreal Engine 4.5, која во целост ги смени игрите во изминативе две децении, со најновата верзија ветува уште поприроден изглед и фантастични визуелни ефекти.

Додадените подповршини овозможуваат светлосните ефекти да се распрскуваат со што дигиталната кожа делува речиси природно. Овие нови ефекти ќе помогнат околку подобрување на графиката на околината  како што се лисја, восок од свеќа или други навидум небитни материјали кои се занемаруваат во создавањето на игрите.

solus_highres_release1_03-2314x1140-1093267965

Она што го сметаат за ново и возбудливо е новиот метод за динамична сенка кое работи на тој начин што се следи зрак преку полињата до изворот на светлина, што пак овозможува сенките да изгледаат многу реалистични. Исто така со новиот Unreal Motion Graphics програмерите ќе можат многу полесно да создадат сопствен кориснички интерфејс.

Повеќето од новитетите што ги најавуваат од студиото Epic се animation retargeting, automatic C++ hot reload, light map UV generation и streaming video textures. Оваа нова верзија на Epic има повеќе од 40 карактеристики и подобрувања со помош на огромната заедница.

hofJJYv

Секако во блиска иднина може да очекуваме значително подобрување во графиката на голем број игри кои ќе го користат овој развивачки систем со кое ќе се овозможи многу пореална графика и поинтересни гејмерски искуства.

Извор: Engadget, Unreal Engine

 

Претходна статијаWindows 10 ќе доаѓа со DirectX 12, ветува најмоќна графика досега
Следна статијаНекои примордијални супермасивни ѕвезди можеби не згаснуваат во црни дупки