Snapdragon-820

На нови бенчмарк мерења на прототип модел со новиот процесор на Qualcomm, Snapdragon 820, се докажа дека процесорите со осум јадра не донесуваат вистински бенефит во перформансите на паметните телефони.

Уредот кој бил тестиран инаку има и 3 GB рам меморија, што е веројатно доволно за да не биде „тесно грло“ во тестирањата, како и 6,2 инчен дисплеј. Новиот Snapdragon 820 процесор инаку се враќа на архитектурата со четири јадра, за разлика од својот претходник Snapdragon 810, кој има осум јадра.

Идејата зад актуелниот процесор е дека четири моќни јадра ќе ја вршат тешката работа, додека останатите послаби четири јадра ќе бидат наменети за ситуациите кога не е потребна голема процесорска моќ. Сепак, во пракса, скоро ниту еден телефон не ги користи сите јадра на процесорот и затоа производителите сега се во тренд кон враќање кон помоќно јадро, отколку кон размножување на послаби јадра.

GeekbenchResults-650-80

Имено, во тестирањата на брзината на едно јадро на Geekbench, новиот Snapdragon 820 опасно се доближува до шампионот, Apple A9 (кој има само две јадра), со резултат од 2326, што е за скоро 300 поени повеќе од претходникот. Во тестирањата на брзината на целиот процесор, односно со работа на сите јадра, 820-ката постигнува резултат од 5452 поени, што е рамо до рамо со процесорите кои имаат осум јадра, но повторно ќе споменам, никогаш не ги користат. На AnTuTu пак, Snapdragon 820 постигнува 132.772 поени, што во споредба со резултатот на Galaxy Note 5 од 83.994 е многу, многу повеќе

Snapdragon 820 е инаку составен од две моќни јадра кои работат на 2.2 Ghz и две штедливи јадра кои работат на 1.7 Ghz. Благодарение на тоа што процесорот има само четири физички јадра, тие можат да бидат помоќни, а истовремено и поекономични, бидејќи ќе имаат подобро ладење, односно дисипација на топлина. Самите јадра се инаку дизајн на Qualcomm, под името Kyro, за разлика од Snapdragon 810, кој има класични ARM јадра.

AntutuDetails-650-80

Покрај тестирањата на прототип уредот на Qualcomm, протечени се и тестирања на Galaxy S7 со овој процесор, каде се гледаат уште подобри резултати, веројатно поради тоа што новиот знаменосец на Samsung ќе има некој вид на водено ладење. Сепак, оваа информација треба да се земе со задршка.

Извор: TechRadar, TechTimes

Претходна статијаGoogle развива нова апликација за разговори засилена со вештачка интелигенција
Следна статијаОдобрено барањето за екстрадиција на Ким Дотком