Combo Box

Секој гејмер знае дека за да добиете максимум перформанси, треба да ја зголемите работната фреквенција на процесорот. За да можете да го направите тоа ви треба отклучен чип, освен ако немате процесор од новата Skylake генерација, кои можат да се “overclockn-ат” и покрај тоа што се заклучени. Се досега.

Имено, многу производители на матични дозволуваат промена на работната фреквенција на процесорот преку вградениот BIOS (или UEFI) и покрај тоа што Intel ги продава тие процесори како заклучени, што порано не беше возможно. Нормално, од Intel не се задоволни со ова, бидејќи вака оние кои сакаат процесор кој ќе работи на висока работна фреквенција, нема да мораат да потрошат повеќе пари на чиповите од “K” серијата кои се отклучени, туку тоа можат да го направат со скоро секој Intel процесор.

Секако, доколку веќе имате ваков процесор и му ја имате сменето работната фреквенција на поголема, односно планирате да го направите тоа, можете да ја избегнете забраната, бидејќи истата ќе се испорача преку надградба на BIOS-от на вашата матична плоча.

Во превод, доколку како нотификација добиете напомена дека вашиот BIOS е веќе застарен и треба да го надградите, не го правете тоа ако сакате и понатаму да ја имате можноста за “overclock”.

За оние кои планираат да поминат поевтино, а сакаат во скоро време да купат нова гејмерска машина, побрзајте бидејќи производителите веќе ќе почнат да ги вградуваат новите BIOS-и во матичните плочи. Ако не го направите тоа, во иднина, шанса ќе бидат само поскапите “K” процесори (буквата K се наоѓа на крајот од ознаката, на пример Core i5-6600K).

Извор: Windows Central, PCWorld, PCGamer

Претходна статијаSamsung со нов систем за заштита кој ќе ги препознава вашите вени!
Следна статијаMSI GT72S G Tobii е нов гејмерски лаптоп со технологија за следење на движењето на очите