HoloLens (2)

И покрај тоа што пред Windows 10 настанот, интересот беше свртен токму кон оперативниот систем на Microsoft, ѕвездата на вечерта беа новите HoloLens очила, кои можат да прикажат холограмски слики во просторот околу вас!

HoloLens се опремени со процесор, графички процесор и холографски процесор, како и со низа сензори кои го следат вашето движење. На тој начин, ќе можат да прикажат слики во просторот околу, како на пример дневната соба. 3D сликите, односно објектите се интерактивни, односно тој што ги носи очилата ќе може да управува со нив, да им ја менува големината, да ги спојува и слично…

HoloLens (1)

Можностите на оваа технологија се неограничени, па на пример, корисникот би можел да се прошета на Марс, директно во својата спална соба, или пак да игра некоја 3D игра во дневната. За разлика од другите решенија за виртуелна реалност, HoloLens ги прикажува објектите токму во просторот пред вас, што е навистина големо постигнување.

Во принцип, софтверот пружа многу можности, како на пример користење во 3D моделирање, каде дизајнерот би можел да види како неговиот дизајн ќе изгледа во реалноста, или на пример како помош во медицината при правење тешки операции. Исто така, на HoloLens може да се играат игри, како што е прикажано со Minecraft на видеата, па дури може и да си ставите вештачки 50 инчен телевизор на ѕидот и да гледате на него Netflix или пак некој друг сервис за гледање видеа или филмови, односно видео повик на Skype итн. И со сите нив ќе може да се управува со рацете, да се преместуваат во просторот… Импресивно.

HoloLens (8)

Рековме Netflix и Skype? Да, холограмските очила ќе бидат опремени со Windows 10 оперативниот систем и нормално со него сите апликации од Windows Store! Возбудливо, нели?

HoloLens очилата треба да пристигнат наредните две до три години, односно, како што рекоа од Microsoft, во времето на постоењето на Windows 10 оперативниот систем.

Извор: The Verge

Претходна статијаWhatsApp достапен на десктоп во форма на веб апликација која работи само на Chrome
Следна статијаКризата на стравот