Screenshot 2015-01-21 18.02.31

Денеска Microsoft го одржа најавениот Windows 10: The Next Chapter настанот. Како што беше кратко најавено и како што се очекуваше, беа претставени многу повеќе промени и функции кои што ќе бидат дел од Windows 10 кога ќе биде достапен некаде од оваа есен. Исто така беше претставен оперативниот систем на помалите уреди, како што се таблет компјутерите под 8 инчи, како и мобилните телефони.

Како што беше и очекувано, некои од работите кои што беа претставени ќе бидат достапни во нови верзии (builds) за корисниците на Windows Insider програмата. За корисниците на десктоп верзијата нова верзија ќе биде достапна од идната недела, додека првата тест верзија од Windows 10 за мобилните телефони ќе биде достапна од идниот месец.

Од тоа што беше претставено на настанот, веднаш може да се забележи унифицираноста на корисничкиот интерфејс на различните уреди. Како што и очекувавме, како што покажува и едното име кое што ќе се користи за сите уреди, Windows 10 изгледа исто без разлика на кој уред ќе го користите. Се разбира изгледот ќе биде прилагоден за форматот на уредот, меѓутоа универзалните апликации најавени минатата година, ќе дојдат до израз во Windows 10.

Screenshot 2015-01-21 18.21.43

Исто така, сите системски апликации, односно апликации направени од Microsoft ќе бидат од самиот почеток универзални, што значи дека ќе изгледаат исто на различните уреди, ќе ги извршуваат истите работи, ќе ја синхронизираат работата и слично.

Можеби една информација која што би ги интересирало повеќето корисници е дали ќе можат да го надградат својот оперативен систем на Windows 10. Сите корисници на легална верзија од Windows 7, 8.1 и Windows Phone 8.1 ќе можат бесплатно да го надградат и користат Windows 10 во првите година дена. Ова покажува дека од компанијата ќе го променат моделот на наплата на системот, па се очекува тој да биде на база на годишна претплата како што тоа сега е случајот со Office 365. Во тој контекст иде и користењето на изразот Windows as a service, односно Windows како сервис.

Главните работи поврзани со Windows 10 беа презентирани од како што би очекувале, Joe Belfiore. Од претставените работи се издвојуваат:

  • Групирање на модерните апликации на Start менито како што тоа е сега можно на Windows 8 Start екранот
  • Можност за зголемување на Start менито на целиот екран за корисниците кои што сепак им се допаѓаше и се навикнаа на Start екранот
  • Нов стил на taskbar-от кој што доаѓа со нова боја и икони
  • Cortana на сите уреди, вклучувајќи ги и десктоп компјутерите
  • Нов Action Center кој што се пристапува со повлекување од десната страна како што тоа досега беше случајот со Charms Bar лентата. Нотификациите во новиот центар ќе бидат интерактивни, односно ќе може да се одговори и работи со нив директно од него
  • Нова унифицирана и поедноставена Settings апликација која што ќе биде иста на сите уреди
  • Нова People апликација
  • Нова можност за автоматско креирање на албуми од сликаните слики

Screenshot 2015-01-21 18.42.05

Една од поинтересните работи беше претставувањето на Windows 10 на мобилните уреди. Корисничкиот интерфејс е направен да биде ист со тој на другите уреди, прилагоден на големината на екранот. Она што веднаш се забележува е позадината зад плочките. Наместо плочките да бидат проѕирни и само на нив да се гледа сликата, сега таа е на целата позадина на екранот. Центарот за нотификации сега ги вклучува сите можни копчиња кратенки за вклучување и исклучување на одредени работи како Wi-Fi и слични, до кои што се пристапува со повлекување на екранот.

Достапни ќе бидат повеќе универзални апликации, од кои што се издвојуваат новите Outlook, Calendar и Messaging. Skype ќе добие поголема интеграција со Messaging и можност за отворање на пораките директно од неа. Outlook апликацијата ќе ги добие функциите барани од корисниците и достапни на ваквите апликации на другите платформи, како што се повлекување лево или десно за бришење и означување на пораката и слично.

На овој настан беа на кратко претставени и Office апликациите кои што ќе бидат достапни за сите уреди со екран на допир. Тие како и на сега достапните други платформи, ќе бидат достапни како три посебни апликации, односно Word, Excel и PowerPoint.

Screenshot 2015-01-21 18.48.31

На настанот беше претставен и шпекулираниот Spartan, новиот прелистувач од компанијата. Како што се претпоставуваше, Spartan е моментално кодно име, поточно Project Spartan, а како ќе се вика официјално прелистувачот на беше истакнато. Spartan ќе биде доста поедноставен прелистувач кој ќе биде достапен за сите уреди кои работат на Windows 10.

На настанот беа прикажани и нова Xbox апликација која што ќе биде достапна како универзална на сите уреди. Истата ќе биде организирана на начин кој што ќе овозможи доста социјални функции, како следење на пријатели, споделување, лајкување на содржина и слично. Исто така интересно, Windows 10 ќе поддржува стриминг на игрите од Xbox One конзолата.

Screenshot 2015-01-21 18.59.00

Screenshot 2015-01-21 19.15.18

Screenshot 2015-01-21 19.04.32

Претходна статијаHDR е новиот стандард кој ќе ја подобри телевизијата и ќе ја направи поприродна
Следна статијаWhatsApp достапен на десктоп во форма на веб апликација која работи само на Chrome
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.