LG_Monitors

Мониторите кои што ги претставуваат компаниите, од идната година изгледа ќе добијат нов тренд. Доколку се земат во предвид неколкуте најави кои што ги видовме до сега, мониторите ќе почнат да стануваат пошироки, доста од нив ќе бидат заоблени, а се разбира тука е повисоката QHD, Ultra HD и 4K резолуција.

LG денеска најави дека на претстојниот CES 2015 настан кој што се одржува идната недела во Лас Вегас, ќе претстави неколку нови модели на монитори кои што ќе бидат со формат на сликата од 21 спрема 9. Мониторите ќе доаѓаат со повисока резолуција, ќе бидат наменети за гејминг, а ќе има и модели со заоблен екран и повеќе можноста за комбинација.

Моделите кои што LG планира да ги претстави се 4, а како што би очекувале, повеќето информации за нив се оставени за нивното официјално претставување идната недела.

LG_UM67_Monitor

Првиот модел најавен од компанијата е LG 34UM67 кој што е наменет за гејмерите. Главните карактеристики кои што се истакнати за овој модел се ултра широкиот формат од 21:9, како и поддршката за AMD FreeSync технологијата. Оваа технологија од AMD го трга таканареченото кинење на екранот, односно сликата при губење на синхронизацијата помеѓу графичката картичка и мониторот. Овој монитор треба да им овозможи на гејмерите најчиста и течна слика со што тие би го имале најдоброто играчко искуство што може да се понуди.

Форматот на мониторот исто така овозможува посебно играчко искуство на игрите кои што имаат поддршка за него. Па така, доколку се играат Battlefield 4, World of Warcraft и ArcheAge на пример, сопствениците на ваков ултра широк монитор ќе можат да видат повеќе работи за разлика од нивните соиграчи на обичните 16:9 монитори.

Вториот најавен модел е 34UC97 и доаѓа исто така со ултра широк формат, но во овој случај заоблен. Тој од компанијата е претставен како монитор наменет за професионалците како графичките дизајнери или фотографи, на пример.

LG_34UC87M_Monitor

Можеби поинтересен концепт кој што го најави LG е моделот 34UC87M кој што претставува мулти-екран концепт. Овој модел исто така доаѓа во ултра широк формат и е заоблен. Она што го издвојува од другите модели е можноста за комбинирање на повеќе монитори според потребите на корисникот. Мониторите можат да се комбинираат еден до друг, меѓутоа и еден над друг со што се добива навистина уникатна поставеност и работна околина.

Од мониторите кои што ги најавија од компанијата, вклучен е и 4K монитор. Моделот 31MU97 доаѓа со резолуција од 4096 x 2160, а од LG ја истакнуваат неговата одлична способност за прикажување на боите.

Извор: LG

Претходна статијаKim Dotcom најави наскоро пуштање на енкриптиран сервис за разговори и видео повици
Следна статијаApple воведе 14 дневен период за враќање на нарачките за корисниците од ЕУ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.