itunes radio

Корисниците кои што живеат во некоја од земјите членки на Европската Унија сега ќе можат да ги добијат своите пари назад, доколку се премислат за тоа што го имаат купено во период од 14 дена. Враќањето на парите важи за купувања направени во App Store, iTunes и iBook продавниците за содржина.

Оваа промена на политиката за европските корисниците Apple ја воведува поради усогласување со европската регулатива, поточно EU Directive on Consumer Rights. Оваа директива која што беше променета во Јуни оваа година, покрај другото, бара од компаниите да овозможат поголем период за корисниците да можат да ги вратат производите. Дотогашниот период од 7 дена е зголемен на 14, а се разбира истото важи и за електронските производи како што се апликациите, музиката, видео содржина, книги и слично.

Од компанијата ја направија оваа промена за европските корисници, меѓутоа без некоја официјална најава, што можеби не е ни чудно со оглед дека оваа можност сигурно ќе им предизвика одредени проблеми.

Ова не е прв, а сигурно нема да биде последен пример каде што големите компании морат да прилагодат одредени политики поради носењето на одредени закони од страна на европската унија. Дали ваквата политика на унијата е добра е дискутабилно прашање, односно колку и да некои од тие закони изгледаат добронамерни, сепак на крајот големата регулатива и закони кои што го одредуваат скоро секој аспект од работата и живеењето, можеби и не е баш најдобра практика.

Право на откажување: Доколку одлучите да ја откажете вашата нарачка, тоа можете да го направите во рок од 14 дена од моментот кога ја имате добиено сметката, без давање на било каква причина, освен за iTunes Gifts кои што не можат да бидат вратени штом го искористите кодот.

Извор: Cnet

Претходна статијаLG ќе претстави нова серија на ултра широки и заоблени монитори на CES 2015
Следна статијаSamsung Ativ One 7 Curved – Десктоп компјутер со свиткан екран
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.