Samsung_ATIV_One_7_Curved__1_.0Самсунг само што го најави својот најнов декстоп компјутер кој што ќе го претстави на меѓународниот CES 2015 саем, кој се карактеризира со свиткано куќиште. Соодветно на куќиштето и екранот е конкавно свиткан, а сите компоненти се сместени внатре во куќиштето.

Овој компјутер ја содржи следната конфигурација:

  • Екран: 27 инчен екран со резолуција од 1920х 1080 пиксели
  • Процесор: Core i5 процесор
  • 8ГБ РАМ меморија
  • 1ТБ внатрешна меморија
  • УСБ и ХДМИ порти

Според Самсунг овој производ е наменет за професионалци кои сакаат да „додадат стил на нивните домови“. Вака изјави Давид Нг кој е производен управител во Самсунг. Според него, закривувањето на екранот ќе овозможи подобро искуство при играње и професионална работа со оглед на тоа што сите делови од истиот се насочени кон очите на корисникот.

Можно е некои корисници, ненавикнати на ваквиот изглед, да имаат сомнежи околу купувањето и користењето на ваквиот компјутер, но според Нг: „Кога ќе се навикнеш [на него] и ќе потрошиш време, ќе го цениш уште повеќе“. Со закривената линија самиот екран изгледа поголем од што навистина е, а дури и го прави ефектот на рефлексија на околинското светло помал, олеснувајќи го користењето.

Самсунг дополнително ја има вградено сопствената SideSync 3.0 технологија која овозможува компјутерот да се поврзе директно со Самсунг Галакси телефоните кои ја поддржуваат и да се одговараат повици, да се прегледува екранот од телефонот па дури и да се управува самиот телефон.

Имајќи предвид дека ова е зачетокот на „свитканата“ технологија заинтересирани сме да видиме во кој правец ќе се развива и дали ќе доведе вистински подобрувања за корисниците на истата во однос на „стандардната“ рамна.

Извор: The Verge, PCWorld

Претходна статијаApple воведе 14 дневен период за враќање на нарачките за корисниците од ЕУ
Следна статијаApple патентира модуларно дигитално „пенкало“ (стило)