ICI7HE

Според најновите информации кои доаѓаат од VR-Zone, четвртата генерација на “high-end” Core i7 десктоп процесори – Haswell-E, ќе биде достапна некаде во третата четвртина од 2014 година.

Кај Haswell-E линијата на процесори се очекува Intel да го зголеми бројот на јадрата, така што наместо досегашните 4 и 6-јадрени варијанти на Ivy Bridge-E, понудата ќе се состои од 6 и 8-јадрени процесори.

Најмоќниот – “Extreme Edition” процесор ќе чини околу 1.000 долари, меѓутоа достапен ќе биде и поевтин 8-јадрен процесор по цена од околу 600 долари. Најслабиот процесор во понудата ќе има 6 јадра и примамлива цена од само 400 долари.

Сите три процесори ќе го користат LGA2011-3 лежиштето, кое иако има ист број на пинови ќе биде некомпатибилно со сегашното LGA2011 лежиште заради различниот распоред на истите.

Новата платформа ќе работи на X99 чипсетот, а ќе доаѓа со поддршка за DDR4 меморија. Првите матични плочи со овој чипсет се очекува да се појават на Computex 2014.

Претходна статијаApple патентира технологија за означување и пребарување на сликите преку Siri
Следна статијаТрка помеѓу гејмер и возач во вистински автомобил