White thumb up next to the like from social networks on blue bac

Facebook вчера официјално го претстави мобилното копче Like кое сега е достапно за сите програмери на iOS и Android. Со ова се овозможува лесно и брзо споделување на содржина во рамките на апликациите.

Копчето може да се користи за да се лајкне страна на Facebook на одредена апликација, обејкт Open Graph во самата апликација или да се сподели дел од содржина како на пример достигнување во некоја игра. Копчињата за лајкови и споделувања се прегледувани на повеќе од 10 милиони веб-страници на ден.

Good Times In Silicon Valley

Сега Facebook си овозможи своевиден пристап и во мобилните искуства на останатите апликации. Мобилното лајк копче ќе биде директно поврзано со профилот на некој корисник кој пак е приклучен на Facebook преку свој уред.

Facebook со секоја измината година само ја потврдува својата доминација кога станува збор за корисничка интеракција во рамките на сопствената социјална мрежа. Нивниот маркетинг план се менува секоја година и тоа значи само добри вести како за нив така и за инвеститорите во компанијата. Ова секако е нова корисна алатка и за развивачите, а со ова од Facebook исто така сакаат да имаат удел во речиси секоја интеракција на корисниците со веб-страниците и сервисите надвор од социјалната мрежа.

Извор: The Next Web

Претходна статијаПопуларниот Flipboard конечно достапен и на Windows Phone
Следна статијаEvernote се развива во сериозна бизнис алатка, претставени нови функции и подобрувања