За реализација на проектот Hyperloop One, вистински, функционален Hyperloop транспорт потребни се цврсти партнерски односи помеѓу индустриите и владите на земји кои би ги поврзувал овој вид на транспорт. Најпогодните локации за реализирање на овој потфат беа обелоденети, а се наоѓаат во САД, Канада, Обединетото Кралство, Индија и Мексико.

Локациите биле одбрани по пат на темелна анализа на стотиците пристигнати апликации, а критериумите биле состојбата на инфраструктурата, технологијата, како и регулативи по прашање на транспортот и екологијата. Како добитници излегле следните рути:

САД:

  • Чикаго-Колумбус-Питсбург: 785 километри
  • Шејен-Денвер-Пуелбо: 579 километри
  • Мајами-Орландо: 413 километри
  • Далас-Хјустон: 1029 километри

Обединето Кралство:

  • Единбург-Лондон: 666 километри
  • Глазгов-Ливерпул: 545 километри

Мексико:

  • Мексико Сити-Гуадалахара: 531 километар

Индија:

  • Бенгалор-Шенај: 334 километри
  • Бомбај-Шенај: 1102 километри

Канада:

  • Торонто-Монтреал: 643 километри

Целокупниот Hyperloop One проект опфаќа популација од речиси 150 милиони луѓе, населени во 53 урбани целини, а се протега на вкупна дистанца од 6.632 километри. Како што е познато Hyperloop концептот се базира на цевки во кои владее супер-низок притисок и овозможува движење со неверојатни брзини со помош на магнетна левитација. Ваквиот вид на транспорт е погоден и за транспорт на луѓе, но и товар. Според најсветлите предивдувања, барем две од наведените рути би требале да бидат ставени во функција во наредните 4 години.

Извори: TechCrunch, DailyMail

Претходна статијаiPhone X е новиот хит, но што сѐ друго Apple претстави на 12 септември?
Следна статијаFacebook сака да го преземе бизнисот на LinkedIn