Facebook развива начин за ново поврзување на своите корисници, овој пат за едукациски цели, односно менторство. Па така, во некоја блиска иднина, корисниците на оваа социјална мрежа ќе имаат на располагање уште една корисна функција, односно можност да учат или да го пренесат своето знаење, токму преку Facebook.

Facebook не е првата социјална мрежа која претставува ваков вид на поврзување, LinkedIn всушност го изгради сопствениот статус врз основа на токму ваквиот пристап кон корисниците.

Според оскудните информации кои излегоа на површина, може да се забележи дека Facebook, односно неговиот алгоритам ќе ги поврзува менторите и учениците со помош на нивните заеднички интереси, гео-локација, заеднички пријатели, едукација и секако професија.

Ваквиот чекор, познавачите ќе го оценат како логички, примарно поради лидерските апетити на Facebook. Тука се мисли на нивната амбиција да бидат главната, најсеопфатна и практична социјална мрежа. Иако компанијата во моментов го завзема првото место според популарноста, број на корисници и слични параметри, визијата на генијалниот Зукерберг оди  многу подалеку.

Од друга страна пак, некои ќе го сметаат ваквиот потег како директен удар кон конкуренцијата, односно LinkedIn кој во моментот важи за примарна социјална мрежа за професионална промоција.

Меѓутоа, гледано од перспектива на просечен корисник, ваквото надметнување на овој вид сервиси во крајна линија нуди неверојатно квалитетен начин на социјализација. Имено, со ваквиот концепт поврзувањето на индивидуи ќе оди многу подалеку од актуелните „пријателства“. Сервисот на основа на интереси и низа други параметри ќе знае да им понуди на корисниците конекции кои би им биле значајни на професионално ниво.

Извори: TechCrunch

Претходна статија10-те Hyperloop рути со најголем потенцијал
Следна статијаGoogle ќе ги сертифицира уредите со Play Protect стандард