Ветувањата на Елон Маск, односно Hyperloop One, компанијата која е поддржана од него, беа дека наскоро ќе имаме можност да патуваме со брзини од околу 1.200 km/h, во капсули кои ќе се движат низ вакуум во посебни цевки.

Ова делува навистина научно-фантастично, но компанијата е сериозна во своите намери да го донесе најбрзиот можен превоз на пазарот. А за да докажат дека се сериозни, тие го направија првото тест возење, кое беше со брзина од 110 km/h. Да, ова е многу помалку од брзината која ја ветуваат, но е значаен чекор. На наредниот тест, тие очекуваат да постигнат околу 400 km/h, што е прилично голем скок.

Капсулите на Hyperloop One, во кои ќе бидат сместени патниците, инаку се движат во специјални цевки во кои нема воопшто атмосфера, односно има вакуум. Бидејќи тие се придвижени преку магнетна левитација, што значи дека капсулата нема да има воопшто триење, ни со некаква подлога ниту со воздух. Токму ова овозможува вртоглаво високи брзини со многу помала енергија отколку што би било потребно за да се постигне истата брзина надвор од цевките.

Сега сигурно секој од вас си го поставува прашањето кога би можеле да патуваме во ваков транспорт на иднината? Предизвиците за да се изгради долг цевовод се прилично големи – супер тешко е да се направи толку многу голем простор во вакуум. Затоа, мојата претпоставка е дека тоа нема да се случи многу наскоро – упатените велат дека ќе поминат многу години пред да има дури и мал цевовод за вакво патување поради тие ограничувања.

Како и да е, и ова е чекор во вистинската насока, па да им оставиме простор на Hyperloop One да ни покажат дека можат навистина да ја употребат оваа технологија во пракса и тоа на вистински долги патеки – не само вака на тест возења.

Извор: Engadget, TechCrunch, Wired

Претходна статијаFacebook започнува со помасовно тестирање на реклами во Messenger
Следна статијаЗадната камера на iPhone 8 ќе има 3D ласерски систем за проширена реалност?