Intel и AMD имаат чипови кои се наменети за да им биде сменета стандардната тактова брзина со што би имале мало подобрување во однос на стандардните заклучени чипови. Кога станува збор за оверклокување скоро се што содржи еден систем може да биде оверклокувано, од процесор и графичка карта до чипсет на матична плоча и монитор, но секако со секој оверклок има одредени предности и недостатоци.

Најпрво за да може процесор да биде оверклокуван треба да биде отклучен, да може да се менува неговиот множител за да се качи тактовата брзина и да биде наместен на матична плоча која поддржува оверклок (да има подобри VRM чипови и да бидат поубаво ладени). Кога веќе размислувате за оверклок мора да размислувате и за ладење, на процеосорт му се качува стандардната волтажа што автоматски со повеќе струја доаѓа и до поголема температура на чипот.

Кај графичките е слична процедурата, треба да бидат модели од средна или висока класа за да осетите некое подобрување кога ќе завршите со оверклокот, но и да имаат добро смислено ладење. Кога ќе се направи оверклок на деловите се тестира дали е стабилен со одредени стрес тестови или бенчмарк програми кои репрезентираат секојдневна работа на системот. Додека работат програмите треба да се внимава на температурата на компонентите. При завршување на тестирањата веќе е завршена процедурата со што веќе е појачан системот и треба да покаже подобрување во игри, видео едитирање и останати програми кои имаат придонес од појаки компоненти.

До сега ги поминавме процедурите и предностите на кратко, но има и доста недостатоци и работи кои мора да се внимава на нив. Како што спомнавме температурата треба да се следи за време на целата процедура, ако немате добро ладење тогаш не ни почнувајте зошто ако температурата го надмине својот лимит ќе дојде до намалување на својот такт за да не стигне до оштетување или превентивно системот ќе се изгаси, но може да стигне и до оштетување на чиповите. Најоптималните системи за оверклокување и стабилност се системите со водено ладење. Ако не е добра матичната плоча нема да стигнете до поголем такт, обично кај Intel процесорите мора да имате Z серија на плоча, а кај AMD 990 серија. Понекогаш за добар оверклок може да ве спречи и самиот чип да ја стигнете неговата граница, но може и да се погоди чип кој ќе издржи поголеми тактови од другите во истата негова класа т.е. да погодите Silicon Lottery. Според ова досега хардверот има напредувано доволно за да не ги оштетите компонентите ако сакате да добиете повеќе од нив, но секако сеуште има одреден ризик.

Дискутиравме за предностите и недостатоците, за ризикот и за потенцијалот на оверклокуван чип, на крај треба да напоменеме ако сакате да оверклокувате било која компонента ќе платите повеќе од стандарна, на пример за Intel процесор ќе платите повеќе за Z плоча и за K модел на процесор, а кај AMD процесорите исто така ќе ви треба поскапа плоча од стандардните. Ладењето не е исклучок, ќе треба подобар ладилник од фабричкиот, да не го заборавиме и напојувањето што ќе треба малку да имате и флексибилност за повисок доток на струја што треба да го поддржи напојувањето кое треба исто така да е поквалитетно со подобри проводници направено да не стигне до негово преоптоварување и неправилно распоредување на струјата што може да доведе до оштетување на чиповите или оштетување на самото напојување кое може да предизвика дури и пожар.

Претходна статијаЗелената енергија ќе стане најевтина и најефикасна
Следна статијаСамсунг ја објави причината за инцидентите со Galaxy Note7 уредите