Учениците и студентите отсекогаш биле најиновативни во измислувањето нови начини да препишуваат на тестовите и испитите. Најновиот и веројатно најинтересен е преку Touch Bar лентата на MacBook Pro, која може да прикажува најразлични информаци, меѓу кои и текст.

Имено, во Северна Каролина на “Board of Law Examiners”, забрането е користење на Touch Bar при полагање поради стравување од можност за препишување (истата забрана е донесена и во Колорадо). Тука, студентите полагаат директно на својот лаптоп, со програм кој може константно да мониторира што се случува на главниот дисплеј. Така, ако студентот се обиде да отвори некоја датотека за да препише од неа или пак да оди на интернет, софтверот ќе го сними тоа.

Сепак, засега нема софтвер кој може да сними што се случува на Touch Bar лентата односно што е отворено на неа, па затоа и забраната за нејзино користење. Од “Board of Law Examiners” велат дека од студентите кои имаат MacBook Pro од 2016 година уште на влегувањето на испитот ќе биде побарано да го деактивираат. Поточно, кога се деактивира Touch Bar, тој се користи само како лента со “Fn” копчињата.

И покрај тоа, студентите секако можат повторно да го активираат Touch Bar откако тој ќе биде деактивиран. На испитите дури ќе има и „техничар” кој ќе го направи тоа доколку студентот не знае, но многумина можат и тоа да го искористат, односно да личи дека не знаат, за потоа веднаш да го пуштат.

Извор: TechnoBuffalo, The Verge, 9 to 5 Mac

Претходна статијаНајдобрите додатоци за корисниците на Apple компјутери
Следна статијаСело кое само произведува храна и енергија стартува во 2018 година