Генијот од светот на физиката, Стивен Хокинг, не престанува да изненадува и да привлекува внимание во свој препознатлив стил. Имено, тој организира аудиција на која се поканети најдобрите светски актери и генерално познати ликови, а каде ќе се одбира неговиот нов глас.

Како што е познато, физичарот има здравствени проблеми поради кои е приморан да се движи со помош на инвалидска количка, а успева да комуницира со помош на компјутер. Гласот кој го продуцира компјутерот звучи вештачки и е тешко разбирлив. За таа цел, Хокинг ги „собра“ најпопуларните луѓе на планетата од кои ќе одбере чиј глас ќе позајми во иднина.

На списокот се појавија имињата на Лиам Нисон, Лин-Мануел Миранда, па дури и Бил Гејтс. Меѓутоа, Хокинг е особено строг кога се работи за изборот на неговиот нов глас, што може да се забележи од видеото каде тој ги преслушува кандидатите. Тој одби цела низа актери од холивудската елита, под образложение дека едноставно, не му се допаѓа како звучат. Очигледно е дека физичарот бара глас кој ќе звучи авторитетно независно од ликот кој ќе го позајми гласот и неговата популарност.

Конечно, Хокинг се одлучи за еден од најпрепознатливите британски гласови, оној на Мајкл Кејн. Секако, главната цел на „аудицијата“ беше промоција на „Денот на црвениот нос“, организација која цели кон помагање на луѓе кои имаат секаков вид на потешкотии.

Извор: Entrepreneur

Претходна статијаИзведено пресадување на матични клетки од друго лице
Следна статијаApple ќе развива свои графички чипови