Facebook и Instagram воведуваат вкрстено споделување преку Stories

Напишано на 09.10.2017 - 12:17 од Смартпортал

InstagramFacebookLogos

Facebook неодамна ја претстави опцијата за споделување на кратки видео или фото содржини по принципот на Instagram Stories. Меѓутоа истата не наиде на особена популарност кај корисниците. За разлика од тоа, Instagram Stories може да се рече дека го превзема приматот на главно место за споделување содржини на Instagram.

Во насока на популаризирање на оваа можност, Facebook реши да воведе тн. вкрстено објавување. Ова ќе значи споделување на содржините споделени како Instagram Stories и на мобилната и веб апликација на популарната социјална мрежа, односно на Facebook.

За почеток можно ќе биде споделување на содржини кои потекнуваат од Instagram, но не и во обратна насока. Односно, Facebook Stories (или My Day, како што беше нарекувано во варијантата наменета за Messenger) нема да може да се сподели на Instagram. Во секој случај, постои можност во иднина ова да биде изменето.

Очигледно е дека Facebook го форсира овој начин на споделување на фото и видео содржини, иако истиот не беше пречекан со воодушевување, ниту пак е сега популарен кај корисниците. За споредба Instagram Stories забележува неверојатни 250 милиони активни дневни корисници.

Извори: TechCrunch, 9to5Mac

За Авторот