ISL_twitterMirror_samya-600x337

Сликањето на самиот себе и поставувањето на сликата на некоја од социјалните мрежи е одамна популарно, а популарноста се зголеми после претставувањето на Galaxy S5 кога се појавија слики од актери како го користат овој паметен телефон да се сликаат. Посебен збор за оваа активност немаме, па така повеќето го користат англискиот selfie, а истото име го носи и огледалото на правено од iStrategyLabs.

SELFIE, односно Self Enhancing Live Feed Image Engine е огледало кое што покрај за неговата основна намена, може да се користи за да се сликате самите себе. Ова огледало има вградено камера, LED светилки и Mac mini компјутер на кој што работи софтвер за препознавање на лица. Се што треба да направите е да застанете пред огледалото на одредена позиција означена со винилна лента на вашиот под, да се насмевнете и сликата автоматски ќе биде сликана и поставена на Twitter. LED светилките, кои што се контролирани од Audrino посебно хардверско и софтверско решение за осветлување, светат за да го означат одбројувањето до сликањето, а потоа симулираат флеш за време на сликањето.

ISL_twitterMirror_inside-400x600

Од компанијата нагласуваат дека сите заинтересирани може да ги контактираат за изработка на ова огледало. Може да се користи од било кого, односно во професионални околини, но и дома.

Претходна статијаGoogle ќе дозволи во рок од еден ден во Америка било кој да купи Glass
Следна статијаFacebook сака да ве заштити од несакано јавно објавување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.