Кога објавувате некоја содржина на Facebook, без разлика дале е обичен текст, слика, линк или видео, вие можете да изберете кој ќе може да го види тоа што го имате објавено. Тоа можете да го направите во прилагодувањата за приватност, па секое објавување да биде достапно за избраната публика или доколку во одредени случаи сакате да изберете друга публика, тоа можете да го направите и во самото поле за објавување на содржина на Facebook.
Меѓутоа од искуството кое што Facebook го има со корисниците може да се заклучи дека не сите знаат да ја изберат публиката на своите објави, па често се случува да се пожалат дека некој што не треба ја има видено содржината која што ја објавиле, мислејќи дека е само за нивните пријатели. Со цел да ги намали ваквите случаи, Facebook планира да го направи поочигледен делот за избор на публиката при секое објавување на содржина. Па така, копчето во мобилната апликација преку кое што се отвора drop down мени за избор на публиката и кое што се наоѓа на долната десна страна, ќе биде преместено на горниот дел каде што никој нема да може да не го забележи.
Исто така тие планираат да почнат со тестирање на ново мени кое што ќе се прикажува за десктоп корисниците кое што ќе биде нешто поголемо и на него ќе бидат објаснети можностите за објавување на содржината, односно што значи јавно и објавување за пријателите. Покрај оваа промена од Facebook размислуваат за воведување на Privacy Checkup, посебен прозорец кој што би се појавувал при објавување на содржината со што би биле сигурни дека знаете со кого ја споделувате истата.
Извор: Engadget