bullitt-center

Green Building, или еколошкото градежништво, претставува најнов тренд на градба на објекти, чија цел е намалување на негативниот ефект кој градежнаната индустрија го нанесува врз природата. Ваквиот концепт на градба се состои од придржување до некои основни принципи, кои треба да обезбедат енергетска и матерјална ефикасност и заштеда на природните ресурси. Еден ваков пример за градба е објектот Bullitt Center кој се наоѓа во Seattle, USA. Тој е дизајниран да биде еден од најдобрите еко-одржливи, комерцијално-деловени објекти.

Покривот на Bullitt Center е составен од 575 фотоволтаични панели, кој опфаќаат површина од 1.300 м2, со капацитет за производство на 230 MWh електрична енергија на годишно ниво. Интересно е што овие фотоволтаици не се позиционирани и насочени на конвенционален начин, во сооднос со географската ширина. Имено, бидејќи временските услови во овој крај, преку зима се прилично неповолни за производство на електрична енергија на овој начин, дизајнерите на овој објект се решиле да го максимизираат производството за во летните периоди.

Со ваквата поставеност на фотоволтаиците Bullitt Center вишокот на енергија, во летните периоди од годината го продава на локалните берзи за електрична енергија, а дефицитот во зимските периоди го надополнува со купување електрична енергија. Годишното производство и потрошувачка се покажани на сликата подолу.

bullitt-center-stats

За потребите за греење и ладење на овој објект, повторно е искористено идејно решение од областа на обновливите извори на енергија. Имено, за задоволување на овие потреби, направен е систем кој се базира на геотермалната енергија. Во зимските периоди преку овој систем, познат како HVAC, овозможува загревање на објектот, додека во летниот период истиот систем се користи за ладење на просториите од објектот. Составен дел на овој систем се полиетиленски цевки кои транспортираат вода и гликол до вкупно 26-те бунари кои се наоѓаат на 120 метри длабочина.

Животниот век на овој објект се проценува на 250 години. Сите материјали од кој е изграден се обезбедени од добавувачи во радиус од 800 километри. Истите, се избрани под услов да не содржат ниту еден токсичен материјал од вкупно 360 претхотдно утврдени. Со цел да се минимизира употребата на бетон, вертикалната структура е направена од дрвени греди кои се зацврстени и зајакнати со челична рамка. Бетонот е искористен само за основите и темелите на оваа зграда.

Потребите од вода за овој објект, се решени на начин што во објектот има вграден резервоар со капацитет од 212.000 литри кои се поврзани со систем за собирање на дождовница. Оваа вода, која се собира е наменета за тоалетите и истата сеуште не е наменета за пиење, и покрај инсталираните пречистувачи, поради строгите регулации на ова поле.

Bullitt Center е дополнително опремент со т.н. Building Management System, кој претставува софистициран компјутерски систем со мрежа од сезнори, актуатори за следење и контрола на осветлувањето, греењето, ладењето итн. Прозорците на овој објект се исто така автоматизирани, па постои можност за контролирање на циркулацијата на свеж воздух, кога тоа го дозволуваат временските услови.

Претходна статијаFacebook сака да ве заштити од несакано јавно објавување
Следна статијаМини преносен принтер кој се движи врз хартијата за печатење