8a9df6d83bd497d8484ece4f4d580473_large

Овој принтер, наречен Mini Mobile Robotic Printer, доаѓа со димензии од само 10 cm висина и 11 cm дијаметар и претставува целосно нов начин на печатење. Направен од страна на ZUtA Labs и претставен на Kickstarter, наменет е за носење со вас секаде каде што сметате дека би ви притребал.

Како што интересно објаснуваат неговите развивачи, денешниот стил на живот е мобилен, сите уреди кои што порано не држеа во канцеларија, сега може да се користат каде сакаме, се разбира тука мислејќи на паметните телефони, таблет и лаптоп компјутерите. Но, еден уред остана во канцелариите, па многу од луѓето кои што често работат надвор се соочуваат со проблемот за печатење на работата. Тука сметаат дека доаѓа потребата од производ како нивниот и се надеваат дека ќе успеат да ги соберат поставените 400.000 долари за започнување на производство. Уредот преку Kickstarter чини 180 долари за обичната црна верзија и 200 долари за белата титаниумска верзија, цени кои што се посебни и ќе бидат променети доколку се започне со масовно производство.

485d1da65914f615aa881e0618b61ea4_large

Принтерот работи преку движење врз хартијата со вградените тркалца на неговата долна страна. Исто така на долната страна е поставен кертриџ, кој што моментално е достапен само во една боја, односно црна. Формата на принтерот е нарочно направена да има истакнат ќош на едната страна кој што служи за прециозно поставување врз хартијата. За печатење безжично се поврзува со компјутерите и мобилните уреди, работи на батерија која што има капацитет да издржи до 1 час на печатење и се полни 3 часа. Првата верзија ќе може да печати со помала резолуција од 96×192 dpi, меѓутоа од ZUtA најавуваат дека наредните верзии ќе имаат можност за поголема. Брзината со која што печати сепак не е нешто голема, па тој успева да испечати 1,5 страни во минута, што е доста бавно, меѓутоа неговата намена и не бара поголеми брзини, барем на во првата концепт верзија.

Извор: Kickstarter

Претходна статијаSeattle Bullitt Center – пример за примена на зелена технологија
Следна статијаFacebook ќе ги „расчистува“ спам објавите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.