raspberry-pi-3-640x427

Raspberry Pi е мини компјутер, поточно мини матична плоча која доаѓа со процесор, меморија, потребни приклучоци и мрежни адаптери. Стана многу популарен поради ниската цена од само 35 долари со што им овозможи на огромен број на развивачи и студенти да експериментираат на разни проекти.

Овој компјутер моментално е до својата трета верзија, односно Raspberry Pi 3, која на корисниците им донесе одредени подобрувања, а ја задржи истата ниска цена од 35 долари.

Моментално овој мини компјутер се користи со големиот број на Linux дистрибуции, како и Windows 10. Според нови информации, уредот можно е да добие официјална поддршка од Google за работа на нивниот Android оперативен систем.

Информацијата сепак не е потврдена, па останува само на претпоставка поради објавата на AOSP страната.

Со оглед на популарноста на Android и неговиот развој, би било чудно да оперативниот систем не е официјално поддржан од Google. Програмерите ќе добијат дополнителни предности за развивање и креирање на интересни уреди.

Извор: Cnet, Android Police

Претходна статијаXiaomi Mi Drone – дрон кој е достапен за сечиј џеб
Следна статијаSamsung ќе ја рипне шестката во новиот Note и ќе го нарече Galaxy Note 7 ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.