Тајванскиот производител полека но сигурно почна да се проширува и на други сфери во технологијата. После постојаниот неуспех на својата смартфон филијала, тие се едни од пионерите во секторот на виртуелната реалност со својот Vive уред. Сега, HTC најави уште еден голем настан за 12 јануари, кој би можел да биде паметен телефон, но многу е поверојатно да биде друг тип на уред.

Ова не значи дека HTC нема да произведува паметни телефони, туку дека е премногу рано за нов знаменосец, наследник на HTC 10. Од друга страна, HTC секако не би најавил голем настан а на него да претстави телефони од пониските класи. Настанот го носи името “For U”, што значи дека уредот сигурно ќе биде персонален.

Многу извори најавуваат дека ова би можел да биде некој уред „кој се носи“, поточно фитнес продукт во соработка со компанијата за фитнес опрема Under Armour. Дали пак ова значи дека ќе видиме некое револуционерно парче облека или пак на настанот ќе биде претставена фитнес нараквица? Поради тоа што HTC со Vive стана навистина револуционерен производител, не би било чудно да ни претстават нешто навистина ново.

Настанот инаку ќе се одржи по CES саемот во Лас Вегас, на кој многу други производители ќе претстават свои производи.

Извор: Techno Buffalo, CNET, GSM Arena

Претходна статијаЛабараторија на Ford за екстремни временски услови
Следна статијаSuperbrends: Димензија на универзална препознатливост