Можеби сте се запрашале дали и на кој начин автомобилските гиганти ги тестираат своите возила кога станува збор за екстремни временски услови. Американскиот производител Ford тоа го прави на едно невообичаено место, воената воздухопловна база Elgin во сончевата Florida. Kлиматската лабараторија во склоп на оваа база се вика McKinley.

Оваа лабараторија започнала со градба во 1943 година откако војската открила дека многу од авионите кои биле направени за втората светска војна нема да палат на ладно време. Пуштена е во употреба во 1947, а реновирана во 1997 година. Ford ги извршува своите тестирања тука и покрај тоа што имаат нивни објект за тестирање во Michigan. Во McKinley лабараторијата, Ford може да внесе преку 75 возила и 54 инжењери истовремено, што не е случај со нивната база во Michigan која е значително помала.

Секако Ford не е единствената компанија која што врши тестирања во оваа база. Доколку сакате барем на кратко да бидете во McKinley, тогаш ќе мора да чекате до 2018 година, или пак до 2020 година ако имате производ кој што треба да се тестира подолго време.

Има пет оперативни комори во склоп на овој објект. Најголемата од нив е истовремено најголема климатска комора во цел свет и се простира на огромни 5,100 квадратни метри. Кога станува збор за условите кои ги нуди оваа климатска комора, тука температурата може да варира од -65 целзиусови степени до +78 целзиусови степени. Тука може да се создадат многу различни временски услови као магла, снег, песочни бури, дожд, ледени бури, соларни радијации итн.

Извор: AutoFocus, ElkGroveFord

Претходна статијаWindows 10 теми сега се достапни на Windows Store за Insider корисниците
Следна статијаHTC најави голем “For U” настан на 12 јануари