Apple се одлучи да ја прошири својата соларна фарма во Невада и со тоа да го осигура своето снабдување со електрична енергија од обновливи извори. Новата инфраструктура ќе овозможи 200 мегавати плус и значително ќе го зголеми капацитетот на производство. Apple договорот го потпиша со компанијата NV Energy и се очекува проектот да се заврши до 2019 година. Дополнителната електрична енергија која што ќе се добие ќе се користи за напојување на Apple’s Reno податочниот центар. Постоечкиот капацитет во комбинација со новиот дополнителен 200 мегаватен капацитет, ќе достигне моќност од околу 530 мегавати, бројка на која што многу други компании би позавиделе. Моментално компанијата NV Energy за своите корисници обезбедува 1.900 мегавати обновлива зелена енергија.

Соларната енергија стана нераскинлив дел од компанијата Apple. Тие можат да се пофалат дека нивната соларна фарма генерира повеќе енергија преку ден отколку што е потребно за функционирањето на компанијата. Овој вишок се користи во ноќните часови кога соларните ќелии не произведуваат доволно енергија и на овој начин се создава компензација. Според заменик претседателот на Apple, Lisa Jackson, инвестирањето во зелена енергија нема да престане се додека не се постигне 100% покриеност за сите операции на компанијата.

Претходната година Apple создаде сопствена енергетска компанија наречена Apple Energy LLC. Оваа енергетска компанија Apple ја создаде со цел да го продава вишокот на електрична енергија на други компании и на поединечни корисници. Reno податочниот центар како и сите други останати центри кои се наоѓаат на територијата на САД, моментално се напојувани целосно од обновливи извори.

Извор: CultOfMac, AppleWorld

Претходна статијаSamsung ги набавил сите Snapdragon 835 чипови, нема да има за конкурентите на MWC?
Следна статија100 дена нѐ делат од Виз Ер Скопскиот маратон