swarm-app

Како што повеќето од вас веќе знаат, Foursquare реши својата апликација да ја подели на две, односно постојната да ја надгради и да служи за наоѓање на места, а чекирањето на тие места да го пренесе на нова апликација. Таа апликација е Swarm и повеќето од вас веќе ја користат. На претставувањето оваа апликација веднаш беше достапна за двете најпознати платформи Android и iOS, а достапноста и за Windows Phone беше најавена за ова лето, без некоја конкретна дата за очекување. Од компанијата се при крај со изработката на новата верзија од Foursquare апликацијата, па денеска можеше да се види како таа ќе изгледа и како ќе работи.

swarm_windowsphone

Исто така од компанијата решија да прикажат неколку слики од Swarm апликацијата за Windows Phone која што треба да биде достапна за корисниците наскоро. Од Foursquare преку својот блог изјавија дека откако ја имаат претставено апликација за другите платформи биле контактирани од голем број на Windows Phone корисници. Апликацијата е во изработка и ќе биде достапна наскоро, односно во наредните неколку недели. Додека истата биде достапна за корисниците, тие ќе можат да продолжат да ја користат Foursquare апликацијата за чекирање. Во меѓувреме можете да ги погледнете слики на кои што е прикажана апликацијата за оваа платформа.

Извор: Foursqare

Претходна статијаЧудна реклама од Microsoft за Surface Pro 3 и OneNote
Следна статијаOS X Yosemite бета верзијата достапна за симнување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.