os-x-yosemite-beta

При крајот на Април оваа година од Apple ја претставија OS X Beta Seed програмата со која што на обичните корисници има овозможија да ги инсталираат бета верзиите од оперативниот систем пред излегувањето на неговата финална верзија. Претходно пристап до бета верзиите имаа само програмерите кои што плаќаат претплата, кои што исто така мора да исполнат одредени услови.

На WWDC конференцијата која што се одржа на почетокот на Јуни, Apple ја претстави наредната верзија од OS X оперативниот систем, односно 10.10 која што го носи името Yosemite. Оваа верзија, која што ќе биде достапна за корисниците од Септември, вклучува нов рамен дизајн со поголем акцент на боите и транспарентни делови, поголема поврзаност со iOS преку овозможување на правење повици и слични активности преку OS X компјутерот, виџети на подобрениот центар за нотификации, подобрена Spotlight функцијата за пребарување, нова верзија од Safari и многу повеќе.

Кога беше претставена Yosemite верзија од оперативниот систем, беше најавено дека обичните корисници ќе можат да ја инсталираат бета верзијата пред финалната која што ќе биде достапна во Септември. Бета верзија сега е достапна и можете да се регистрирате со вашата Apple ID сметка преку OS X Beta Seed програмата и истата да ја симнете. Сепак нема сите корисници да можат да ја пробаат верзијата поради ограничувањето од 1 милион корисници за кои што од Apple ќе дозволат да се регистрираат на програмата, односно да добијат пристап до истата. Можете да се обидете дали се’ уште може да се добие пристап преку следниот линк. Доколку ви биде одобрен пристап до бета програмата ќе добиете email со код и инструкции за инсталација.

При инсталирањето на бета верзија се препорачува да направите бекап на вашите податоци поради секогаш можното појавување не одредени проблеми. Сепак инсталацијата нема да избрише ништо од тоа што го имате, односно ќе биде инсталирана како и секоја други надградба. Исто така бета верзија од системот можете да ја инсталирате на посебна партиција или на друг компјутер од почеток, односно да не го надградите постојниот.

До излегувањето на финалната верзија корисниците на бета програмата ќе добијат неколку надградби на оперативниот систем, меѓутоа помалку од тоа што го добиваат програмерите. Кога ќе излезе финалната верзија од оперативниот систем ќе можете да ја инсталирате таа верзија без потреба од реинсталација на целиот систем.

Претходна статијаSwarm за Windows Phone достапна наскоро
Следна статијаThe Sims 2 Ultimate Collection достапна бесплатно до 31 Јули
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.