blog-foursquarelogo

Повеќето од вас кога ќе се спомне Foursquare апликацијата веднаш помислувате на апликација преку која што можете да се чекирате кога сте на некоја локација, како на кафе, на одмор, во викендичка и слично. Меѓутоа оваа апликација може да се користи и за откривање на интересни места каде што би можеле да одите да јадете, да пиете кафе и слично, а Foursquare сакаат да ги знаете и по таа функција, па воведе неколку промени кои што ги најави во Мај оваа година.

Во Мај од Foursquare претставија нова апликација наречена Swarm и со тоа го најавија новиот начин на работа. Во основа, дотогаш единствената Foursquare апликација се подели на две посебни кои што ќе бидат наменети за две различни активности. Можноста за чекирање на местата каде што одите, како и следењето на активностите на вашиот пријатели стана главна и единствена функција на новата Swarm апликација, а постарата Foursquare апликација остана да функционира како и до тогаш. Меѓутоа од компанијата изјавија дека Foursquare апликацијата после одреден период веќе нема да може да се користи за чекирање и дека оваа апликација ќе биде наменета за откривање на разни места во градот каде што би можеле да одите. Новата верзија од апликацијата која што треба да ја има само таа функција беше најавена за ова лето, па од оваа недела веќе може да видиме повеќе детали околу неа.

Foursquare ја претстави новата верзија од својата апликација која што ќе биде наменета за откривање на места за излегување. Апликацијата ќе биде достапна за корисниците за неколку недели, а почнувајќи од оваа недела моменталната верзија веќе нема да може да се користи за чекирање. Тоа значи дека ќе мора да ја симнете новата Swarm апликација на која што ќе ви бидат префрлени, односно зачувани сите пријатели и места каде што се имате чекирано. Од компанијата истакнуваат дека ова не би требало да претставува проблем за корисниците поради тоа што ¾ од корисниците на Foursquare веќе ја користат новата Swarm апликација.

blog-homescreen

Foursquare ја претстави својата апликација преку нивниот блог, а сите можности и функции кои што ќе ги вклучува ќе може да се видат кога истата ќе биде достапна за некоја недела. Од тоа што е сега претставено може да се види дека апликацијата има целосно нов дизајн, користи нови бои, а редизајнирано е и логото. Логото сега е направено да потсетува на знаменце од мапите со буквата F во него. Исто така кога ќе почнете да ја користите апликацијата, ако сте веќе подолго време корисник таа ќе ви прикажува предлози за места врз основа на вашите чекирања, а истото ќе продолжи да го прави врз основа на новите доколку продолжите да ја користите Swarm апликацијата. При првото прилагодување на новата апликација од вас ќе биде побарано да внесете одредени интереси и работи кои што ги сакате, со цел апликацијата да може да ви дава подобри предлози.

Од Foursquare објаснуваат дека ниту еден човек не е ист и не ги сака баш истите работи, па така и главниот екран на новата апликација нема да биде ист за сите луѓе. Зависно од вашите интереси, чекирања и места кои што ги барате, истата ќе се прилагодува да ви прикаже што може подобри предлози.

Извор: Foursquare

Претходна статијаLechal паметни чевли, вибрираат за да ви го покажат патот
Следна статијаЧудна реклама од Microsoft за Surface Pro 3 и OneNote
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.