Screenshot 2014-07-24 18.26.12

Една од поинтересните и корисни можности со кои што доаѓа новиот Surface Pro 3 е можноста да притиснете на вклученото електронско пенкало, исто како на обично, по што на таблетот веднаш ќе се отвори OneNote апликацијата спремна да пишувате на неа. Ова треба да ги привлече корисниците кои што често користат пенкало и тетратка, па на овој начин тоа ќе можат да продолжат да го прават, само во електронска форма.

Рекламата која што ја претстави Microsoft е направена да ја истакне токму оваа можност на новиот таблет компјутер од компанијата. Меѓутоа како што тоа многу пати го имаат направено и во минатото, рекламата не е стандардно направена, како што тоа го прават повеќето компании, па таа е по малку чудна и можеби нема да му се допадне на секого. Направена е како пародија од хит песната од LMFAO која што се вика Sexy and I Know It.

Рекламата погледнете ја во продолжение, а слободно пишете што мислете за неа во делот за коментари.

Претходна статијаFoursquare ја претстави својата нова апликација, ќе биде достапна за неколку недели
Следна статијаSwarm за Windows Phone достапна наскоро
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.