prod_Cortana_hero

Веќе можевме да прочитаме за можноста Microsoft да ја примени својата нова политика на присутност на сите платформи и за Cortana, персоналниот асистент конкурент на Siri и Google Now. Додека минатата година тоа беше истакнато во форма на можност, сега информациите стануваат посериозни.

Информациите доаѓаат од Reuters од нивни извори кои што се запознаени со случувањата во компанијата. Според нив, Cortana ќе биде достапна како било која друга апликација преку продавниците, односно преку Apple App Store на iOS и преку Play Store на Android.

Достапноста на другите платформи се очекува во периодот кога ќе биде пуштена најновата верзија од Windows оперативниот систем, Windows 10. Оперативниот систем ќе биде направен да функционира на сите достапни уреди, а Cortana ќе биде достапна и за десктоп корисниците.

Друга информација која што доаѓа од изворите на Reuters е унапредувањето на Cortana во верзиите кои што ќе доаѓаат. Според нив, основа за нејзиниот развој е проектот за развој на вештачката интелигенција Einstein. Овој проект ќе и помогна на Cortana да може да ги чита и разбира email пораките и да им овозможи на корисниците соодветни услуги.

Извор: Reuters, Cnet

Претходна статијаGoodyear развива гуми кои генерираат енергија
Следна статијаHonda ќе вградува Android во своите автомобили и тоа Ice Cream Sandwich!?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.