WP_20141202_16_43_22_Pro

Како што знаете, нова верзија од Firefox прелистувачот на Mozilla излегува на секои 6 недели. Оваа недела достапна е 34-та верзија од прелистувачот и покрај другите промени, таа го вклучува најавеното партнерство помеѓу Mozilla и Yahoo.

Промената важи за корисниците од САД, кои што доколку за првпат го инсталираат прелистувачот, наместо Google, нивниот главен пребарувач ќе биде Yahoo. Двете компании ја најавија нивната соработка пред неколку недели и со тоа Mozilla ја прекина зависноста од финансирање во најголем дел од Google. Причините за прекинување на договорот не беа објавени, односно уште не се знае дали се работи за стратешка одлука или можеби и Google решиле да прекинат со финансирање на компанија која што го изработува најголемиот конкурент на нивниот Chrome прелистувач.

ff-search-interface

Новата верзија покрај промената на главниот пребарувач, вклучува и промена на лентата за пребарување. Ова промена, најавена минатата недела, вклучува промена на изгледот на лентата, подобри предлози при внесување на текст, како и One click search функцијата која што ги прикажува сите пребарувачи кои што ги користите во форма на копчиња. Ова овозможува да кога ќе внесете одреден збор, односно реченица за пребарување во лентата, можете веднаш да пребарате преку некој од другите пребарувачи, наместо само со главниот кој што го имате избрано.

Другите промени во Firefox 34 ги вклучуваат следните работи:

  • Firefox Hello клиентот за веб комуникација во вистинско време
  • Лесна промена на темите на прелистувачот преку Customize менито
  • HTTPS при пребарување на Wikipedia преку лентата за пребараување

Целосната листа на промени можете да ја погледнете преку следниот линк. Како и обично, новата верзија од Firefox е достапна за корисниците на Windows, Linux и OS X и можете да ја надградите преку самиот прелистувач или да ја симнете преку следниот линк.

Симни го Mozilla Firefox 34

Покрај за десктоп, нова верзија е достапна и за корисниците на овој прелистувач на Android платформата. 34-та верзија од Firefox за Android ги вклучува следните промени:

  • Можност за прикажување преку Google Chromecast
  • Поддршка за Prefer:Safe HTTP header
  • HTTPS при пребарување на Wikipedia преку лентата за пребараување
  • Освежување на изгледот на темата

Целосната листа на промени можете да ја погледнете преку следниот линк, а пребарувачот можете да го надградите преку продавницата за апликации или да го симнете преку линкот во продолжение.

Mozilla Firefox 34 за Android

Претходна статијаHP EliteBook Folio 1020 – ултралесен преносен компјутер наменет за бизнис корисниците
Следна статијаСистемот за комуникација на Stephen Hawking подобрен со SwiftKey
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.