HP EliteBook Folio 1020
HP EliteBook Folio 1020
HP EliteBook Folio 1020

Гледајќи ја регуларната консумеристичка технологија која вклучува телефони, таблети и преносни компјутери, човек може да си помисли дека се намалува оној мал посебен фокус кон бизнис корисниците за сметка на стандардните корисници, но ХП покажува дека не е баш така.

Имено, тие само што го објавија во јавноста нивниот најнов производ, EliteBook Folio 1020. Овој производ го имаат фокусирано на бизнис корисниците, што има доведено до неколку интересни карактеристики во неговиот дизајн. Самиот компјутер доаѓа во две варијанти, од кои регуларната тежи 1,2 килограми, а ултралесната тежи само 1 килограм. Eкранот кај специјалната верзија подржува четворна ВД резолуција од 2.560 х 1.440 (QHD – quad HD), кај стандардната ВД резолуција (1.920 x 1.080), а има опција да го земете со или без екран осетлив на допир.

 

Дизајнот се базира на легура од магнезиум и литиум и му додава премиум изглед на самиот компјутер, но и соодветна заштита, имајќи предвид дека ХП објави дека овие уреди го задоволуваат MIL-STD-810G, воен стандард за опрема која може да издржи падови, шокови, екстремни температури, влажност и слично. Во исто време тој во себе ги содржи Intel Core M процесорите што значи дека нема вентилатор, овозможувајќи да нема бучава од него, но по цена на малку намалени перформанси во однос на стандардните процесори.

Од останатите карактеристики, двете варијанти содржат SSD внатрешна меморија во ранг од 128 – 256 ГБ, 8 ГБ РАМ меморија и посебна „бизнис порта“ (HP enterprise port) за приклучување уреди. Тој во себе има и опција да може да се следи каде се наоѓа и да му се избрише внатрешната меморија во случај на кражба, што е одлична вест за сите кои имаат осетливи информации на својот компјутер.

Се` уште не се знае цената на двете варијанти на Folio 1020, но останува да се надеваме дека ќе биде помала од MacBook Air бидејќи во основата, овие уреди се насочени да претставуваат директна комбинација на овој производ на Apple и на другите ултрапреносни компјутери. Во секој случај EliteBook Folio 1020 изгледа одлично, ветува одлични перформанси и верувам дека ќе има задоволителна побарувачка за него на пазарот на компјутерска технологија.

Извор: Engadget, The Verge, PCWorld

Претходна статијаТајсенКруп го претстави својот најнов дизајн на маглев лифт без сајли
Следна статијаFirefox 34 достапен со Yahoo пребарувачот како стандарден за американските корисници