Search_hr_wlogo

Поради фактот што Mozilla не е компанија која што работи и со многу други проекти, а Firefox и неколку други им се главниот бизнис, не се во можност да заработат огромни пари за инвестирање во нивниот прелистувач како што тоа е случајот со Google, Microsoft и Apple на пример.

Поради тоа, Mozilla своите средства ги добива преку еден вид на донации, односно договори со компании кои што сакаат да го поддржат овој проект. Веќе 10 години главниот финансиер на Mozilla фондацијата е Google. Тие за да нивниот пребарувач биде главниот во Firefox прелистувачот, поточно во лентата за адреси, како и посебната лета за пребарување која што беше воведена покасно, плаќаа дури и до 300 милиони долари годишно. Со тоа Google во основа веќе со години е главниот извор на финансии на Mozilla со повеќе од 80% од вкупните извори.

Како понов начин на кој што од Mozilla ќе се обидат да направат заработка е и преку прикажувањето на реклами на New Tab страната на која што сепак корисниците ќе имаат можност да ги исклучат.

Последниот договор помеѓу двете компании истекува некаде во овој месец, па се поставуваше прашањето дали истиот ќе биде продолжен. До некаде можеби за изненадување, но од друга страна можеби и логично, оваа недела Mozilla излезе со најава дека договорот со Google прекинува и истиот ќе биде заменет со Yahoo.

Повеќе детали околу договорената сума уште нема, меѓутоа мали се шансите да од Mozilla се имаат сложено да го раскинат милионскиот договор со Google за значително помала сума. Со промената на главниот пребарувач во Firefox, нешто што ќе почне да се применува од Декември, Mozilla воведува и нешто поразличен модел на избор на пребарувачот кој што ќе биде повеќе локален.

Со овој договор, корисниците на Firefox ќе добијат и нова посебно направена страна за Yahoo Search резултатите која што треба да биде поедноставна и да нуди можност за прилагодување. Оваа промена е направена по препорака од Mozilla и принципите по кои што тие работат.

Virgin-flight-27

Исто така корисниците на Firefox ќе ја имаат можноста да изберат да не бидат следени преку пребарувањето од Yahoo преку Do not track опцијата, која што наводно ќе биде почитувана од страна на компанијата.

Yahoo ќе биде стандардниот, односно главен пребарувач во САД, додека во Русија ќе се користи Yandex Search, а во Кина Baidu. Се разбира можноста со еден клик да се смени главниот пребарувач останува каде што и понатаму ќе бидат достапни и Google, Bing, ново додадениот DuckDuckGo и другите.

Default-

Google исто така ќе остане како овозможувач на Safe Browsing и Geolocation сервисите во Firefox кои што се однесуваат на проверка на страните за измами и малициозен софтвер, како и сервисот за лоцирање на корисникот за одредени страни кои што го бараат тоа.

Одлуката да Mozilla се тргне од соработката со Google може да се покаже како добра одлука со оглед на фактот што Google го има својот Chrome која што моментално е попопуларен од Firefox. Поради тоа не е познато дали можеби и Google се тие кои што имаат решено да престанат со финансирање на овој конкурентен прелистувач.

Извор: Mozilla, TechCrunch

Претходна статијаНов Bookmark Manager достапен во Google Chrome 40 beta
Следна статијаМаркО – Вашето паметно другарче, достапно на Google Play Store
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.