Lumia-850-leak (1)

Microsoft неодамна конечно ги претстави новите телефони од високата класа, Lumia 950 и 950 XL. Сепак и покрај очекувањата, на настанот за Windows 10 уредите, беше претставен само уште евтиниот Lumia 550, но не и наследниците на Lumia 730/735 и Lumia 830.

Според нови протечени информации од @OnLeak, Lumia 850 не е откажан, туку е одложен за наредната година. На фотографиите се гледа дека за разлика од поскапите 950-ки, овој уред ќе има метална рамка, што е навистина чудна одлука, бидејќи алуминиумот е обично резервиран за телефоните од највисоките класи. Lumia 850 ќе биде и исклучително тенок – само 6,9 милиметри, што го прави еден од најтенките Lumia телефони. На овие информации се надополни и попознатиот @evleaks, според кој уредот ќе има златна рамка и златно Microsoft лого.

Lumia-850-leak (2)

Иако нема потврдени информации за перформансите на новата Lumia, според некои информации процесорот ќе биде Snapdragon 410 со четири јадра, помогнат од 1 GB рам и 16 GB простор за складирање податоци. Ова не е голем напредок во однос на претходникот и процесорот е особено слаб со оглед на класата во која се наоѓа. Искрено се надевам дека Microsoft ќе се одлучи на Snapdragon процесор од серијата 600 и барем 2 GB рам, кој е веќе норма во средно – високата класа, иако Windows 10 би требало да работи добро и со послаб процесор.

Камерата пак би требало да биде преземена од Lumia 830, што значи дека ќе има 10 мегапиксели и ќе биде развиена од Pureview тимот. Дисплејот и натаму ќе има 5 инчи и HD резолуција, што е исто така просечно со оглед на класата, додека батеријата би требало да има 2650 mAh.

Lumia-850-leak (3)

Lumia 850, заедно со најавениот 750, би требало да бидат претставени во првата половина на наредната година.

Извор: Ubergizmo, GSMArena, WMPowerUser

Претходна статијаGoogle патент за вадење крв без игла
Следна статијаBBC работи на филмски серии кои се приспособуваат на вашиот вкус и карактер