visual_perceptive_media_converted

Можеби сте сакале некои работи да ги смените во серијата „House“ или пак би посветиле повеќе внимание на некои карактери од „Prison Break“ или „House of Cards“. Можеби некои сцени или карактери ви беа ептен досадни?

Тогаш вреди да знаете дека веројатно наскоро ќе можете да ја гледате совршената варијанта на вашата омилена серија преку софтверот кој го тестираат BBC наречен Visual Perceptive Media. Се работи за систем кој може да вклучи повеќе варијанти на одредени сцени, детално снимени карактери и други специфичности од некоја серија или филм.

Потоа, преку мобилна апликација софтверот ги анализира вашите избори на музика и видео и ве прашува прашања како: колку сте креативни, колку сте интровертни, колку излегувате, колку години имате, пол и други каркатеристики.

Потоа софтверот бира кои сцени ќе ги одбере од филмот или серијата, а кои ќе ги изостави; на кои карактери ќе даде поголем фокус; каква музика ќе се свири во некоја сцена; и така натаму, а наскоро ќе може да ја приспособува содржината во живо, додека се гледа филмот. Проектот не треба да напоменеме дека е феноменален како технолошка иновација и идеја, но може да биде прилично интелектуално ограничувачки.

Имено, луѓето и така веќе се затвораат во своите „балони на реалноста“ во дигиталниот и реалниот свет, каде комуницираат само со тие со кои се согласуваат правејќи еден куп на перцептивни дисторзии и пристрасности. Гледањето на серии и филмови кои „совршено“ одговараат на вашиот вкус ќе има тенденција да ве „затупави“ бидејќи не гледате конфликтни и нови идеи или концепти.

Како и да е, одличен развиток на нова технологија во сферата на синтетичката интелигенција од страна на BBC. Чувството кога ќе ја гледате омилената серија повеќе пати со различни детали и перспективи веројатно ќе биде одлично.

Извор: The Next Web, BBC: Visual Perceptive Media

Претходна статијаНеофицијални компјутерски рендери од Lumia 850?
Следна статијаДали знаете како да инсталирате драјвери на вашиот компјутер ?