ap_resize-copy

Кинескиот бренд Meizu е познат по супериорно изработените телефони со високи спецификации и прилично ниска цена за тоа што го нудат. Pro 6 Plus е нивниот нов знаменосец, кој ги има сите погоре споменати адути, што го прават прилично голем трн во окото на етаблираните конкуренти.

Pro 6 Plus има голем 5,7 инчен дисплеј, што значи дека конкурира директно на Galaxy Note серијата и iPhone 7 Plus. Екранот има висока резолуција од 2560х1440 пиксели и е SuperAMOLED, што значи дека може да се очекуваат длабоки бои и висока контраст. Во внатрешноста е вграден моќниот Exynos 8890 чип на Samsung, кој се вградува и во Galaxy S7, а графиката е исто така супер моќната Mali T880 MP12.

cyfoj1aveaab9lz-jpg_large-0

Meizu има вградено и исклучително брз медиум за складирање податоци – UFS 2.0, кој го забрзува стартувањето на апликациите и запишувањето на податоци и е достапен во изведба со 64 и 128 GB. Pro 6 Plus Има и 4 GB рам меморија, што можеби не е на нивото на некои други кинески конкуренти со 6 GB рам, но веројатно доволно за флуидно работење со новиот Flyme OS 6 скин на Android. Кога сме кај софтверот, од Meizu велат дека е подобрен со „вештачка интелигенција“.

Уредот има солидна батерија од 3.400 mAh и задна камера со 12 мегапиксели и f/2.0 бленда. Сензорот на камерата е Sony IMX386, што значи дека може да се очекуваат високи перформанси и во ноќни услови. Предната камера пак има 5 мегапиксели, што веќе е стандардот во високата класа. За разлика од главните конкуренти, пак, Pro 6 Plus има посебен аудио засилувач AD45275 и посебен претворач од дигитално во аналогно аудио, кои би требало да понудат супериорни аудио перформанси со слушалки.

meizu_pro6_plus_6

На крај, голем адут на Meizu Pro 6 Plus е секако и алуминиумската изработка. Да, таа можеби од многу агли потсетува на iPhone 7, но како и да е, многу од производителите имаат сличен дизајн, особено кинеските, бидејќи тоа го сакаат и корисниците. А со цена од само 435 долари за еден моќен телефон, секако дека може да му се прогледа низ прсти на Meizu за малото копирање на дизајнот.

meizu_pro6_plus_6

Извор: The Verge, 9 to 5 Google, Android Police

Претходна статијаYeehaw е 3D принтер со којшто вашето дете ќе стане креативен уметник
Следна статијаHTC Bolt има супер брз 4G, но е повторно телефон со кој производителот ги губи купувачите